+++ to secure your transactions use the Bitcoin Mixer Service +++

 

Skip navigation.

Macedonian Civilization

Македонска Цивилизација - Truth about Macedonians

ДЕШИФРИРАЊЕ НА ДРЕВНИТЕ ЗБОРОВИ


Разгледувајќи ги овие древни шедеври со зачуваните писмени фрагменти, а понекогаш реченици и фрази од надгробните епитафи и другите споменици со гравираните фигури и копаничарство, каде што најчесто зачуваните древни букви на нашите предедовци заедно со тие од венетската, феникијската, античката, пелазгиската, етрурската и други еднородни писмености, како некое непишано правило, каде што е претставена теракотата, во овој случај, со двајцата пријатели кои се испраќаат, по нивната средба, без разлика за каде патува едниот од нив, кој ја примаше шатката од рацете на вториот, за посакување добар пат; или подигнатиот споменик за сеќавање на патувањето со впрегнатите два коња на двоколката на весело настроените патници, кои распеано се возат со разгалупираните ергели.

Третиот споменик на кој се зачувале зборовите од реченицата или неполната реченица: Бодни го (коњот) за да тргне галупирајќи во бојот како лаф! - Како непишано правило во древноста на тие народи што го населувале Балканот, Европа и пошироко, најчесто ја опишуваат претставената уметничка гравијатура (што под збор значи гребење на камен или копаничарење не само цртици и рески што ја објаснуваат, или дообјаснуваат замислената и овековечена слика, во овој случај стара 3-4 илјади години, за кој сакаме или не - судиме по начинот на гребањето на каменот, или пак на печената глина (ќерамика), каде што најчесто зачувани се грниња во кои ја погребувале пепелта од тлеените остатоци на покојникот. Во овој случај ние треба да објасниме некои суштествени работи од зачуваната древномакедонска палеолингвистика, каков што е случајот на пример со употребата на буквата К. Неа графички ја сретнуваме и обратно, што ни го припомнува најдревниот македонски шрифт, кога нашите предедовци пишувале и читале од десно на лево. Тука, исто така, треба да објасниме дека овие древни зборови не бараат голем напор и труд за нивното дешифрирање.

ЕТИМОЛОШКИ КОРЕНИ НА ЈАЗИКОТ

Сите тие зборови, на некој начин, ги среќаваме како кај денешната писменост на јужните, северните, исто така и кај Западните Словени. А, многу често и кај латинските и англосксонските јазични подрачја, но со големо задоцнување од десетина милениуми. Еве еден конкретен пример: терминот гравијатура (гравијатура - гравирање) својот етимолошки корен го има во древномакедонскиот јазик стар 11 милениуми. Ова го подвлекуваме само за осведомување на Љубо Миќуновиќ со неговиот Современ лексикон на странски зборови, каде што објаснува дека овој термин потекнувал од францускиот јазик. Впрочем ова се случува и кај сите автори што се занимавале и се занимаваат со оваа дејност во сите индоевропски јазици. Постојат безброј такви термини кои се, во најстарата писмена цивилизација, која се родила и се развила токму тука во Македонија и на современиот наш јазик стар, засега, 11 милениуми. Ваквите и слични термини се многу блиски. Причината за присвојувањето од другите индоевроспки народи е познатиот пораз на Македонската теменитска империја. Но, го сакале или не Грците и Латинците, древномакедонскиот јазик бил и останува комуникативно средство кај сите народи од индоевропската група. Причина не е само фактот дека древните Грци изградиле најстаро есперанто врз основа на древномакедонскиот јазик туку и самиот термин - индо - европски јазици на прво место е поставен зборот индо, виндо, а њинден или Славен е синоним. Третиот и најиндикативен факт е дека нема постар јазик на светот од древномакедонскиот.

Овој индикатор зборува дека старите предисториски Македонци со сите останати еднородни по корен, биле првите учени кои шкрибале и гребеле. А, зашто не пишувале? - Затоа што с# уште не било пронајдено мастилото и пергаментите.

Вакви древни, предисториски споменици не биле откриени само на македнско тло, туку за нив се зборувало од палеоархеолозите на Велика Британија, Германија, Франција и пошироко во светот дека ги имало не само во Мезопотамија, Библ, Финикија, Картагина и ширум трите поврзани континенти, но нив пристрасно ги чувале, а некои и денеска продолжувале да ги чуваат под клуч од јавноста, бидејќи сите се обиделе да ги дешифрират но, тие останувале непрочитани.За пример може да ни послужи една Италија со одгребаните споменици на првите жители во таа земја - Етрурците и Венетите .

ВЕНЕТСКА ТОПОНИМИЈА

Археолозите на таа земја свесно или несвесно "грешеле" што не ги објавувале, бидејќи митологијата на предисториските жители јасно зборува за древноста на Феникијците, Етрурците, Венетите, кои зад нив оставиле и богата топонимија, оронимија, хидронимија, полинимија и сл. Еве неколку примери: Сидон, го носи коренот дон што го сретнуваме и како име на реката Дон, на Богот Македон и самата Македонија која се слави како предисториска Митолошка империја. Со политиизмот и престолнината на Гората Олимп. Потоа полинимот Картагина, составен од именката Карт (град) и Гина (нов) а истото нешто се случува и со денешниот италијански град Неапол, изграден од Хелените, составен е од придавката Неа и именката Пол. (синоним во древнофиникијскиот јазик за зачуваниот збор во сите словенски јазици - град. Пример, тука можеме да го наведеме Новгорот. Исто така не се случајни и оронимите - Пиринеите со една македонска гора - Пирин Планина.Не е случајно исто така името на Балтик, со сите топоними и хидроними што ги разгледува Макс Фасмер во неговата книга Словените во Грција. Не е случаен ниту српскиот локалитет во Винча со Винчанските натписи, со една македонска Виница.

И тука станува збор за исти луѓе коишто живееле на времето на тие локалитети - древните Винди. А за денешните германски лингвисти Винди е синоним на Слави. Исто така и за низа древни и современи лингвисти Илири и Словени се исто така синоними. Но, ете, за жал, науката наречена палеолингвистика, продолжуваат да ја кочат, свесно да ја забрануваат дури и научници кои се декларираат за "најголеми" Македонци и како заслужени за таа нивна дејност заземаат дури министерски места во нашата Влада.

Таквите "големи Македонци" ги има и во Македонската академија на науките. Ако мене ме прашувате за оваа "таинствена" загатка можам само да го повторам следново: Не може да биде Македонец оној, којшто се откажува од минатото на Македонија.



ЕВРОПА Е ЌЕРКА НА КРАЛОТ ФЕНИК И КРАЛИЦАТА ПЕРИМЕДА

Тој може да биде само на линијата на тие бугарски учени политичари кои одговараат дека во Бугарија и воопшто њама такива! Тие можат да бидат само големи Македономахи (борци за Македонија на чело со Павлос Малас) или големи албанофили кои отворено декларираат дека ние Македонците сме биле Словени дојдени во оваа земја од зад Карпатските мочуришта некаде во 6-от и 7 -от век од наше време. А, самите не си го поставуваат прашањето од каде дошле тие и што значи нивното име; Зошто нив Грците ги нарекуваат Арванитес (ориванитес) и што значи тој збор од етимолошка гледна точка? Не е лошо тие луѓе внимателно да ја прочитаат па и да ја престудираат древномакедонската митологија, особено она предание кое зборува за името на Европа. Таму стои дека Европа е принцеза ќерка на кралот Феник и кралицата Перимеда, или на кралот Агенор и кралицата Телефаса.

Неа, кога ја забележал првобогот од гората Олимп Ѕеус, се претворил во прекрасен бик, и & дал да го погали принцезата и да го јавне држејќи се за сјајните и позлатени рогови. Богот ја однесол во Крит, што од етимолошка гледна точка значи убежиште, скривалиште каде што на времето неговата мајка Реа го скрила таму спасувајќи го од ненаситниот татко Крон кој си ги голтал своите чеда. Ѕеум со Европа имал потомство.

Ова предание говори дека името на Европа го дале древните Македонци, а не Б'лгарите ниту пак Хелените, а најмалку Србите и Албанците. Таквите "големи" Македонци подобро ќе биде да се повлечат во својата корушпа и да не се покажуваат пред белиот свет на Ѕеус, Теос и Деус. Не е лошо тука да ги повториме зборовите што ги рече покојниот грчки претседател Папандреу: "Ако ја признаеме ние Македонија што ќе остане за нас"?. А неговиот покоен татко беше првиот организатор, по Втората светска војна, на големиот егзодус на Македонците од Беломорските предели на нашата татковина. Математички гледано од неа беа отстранети два милиона и петстотини илјади "славомакедонес", а денеска таму живеат над 3 милиони Македономахи доведени од Мала Азија (туркофони) и од задкафкаските земји, некогашни колонии на Византија.



My Google Pagerank

ДРЕВНАТА МАКЕДОНИСТИКА СОЧУВАНА ВО "ИЛИЈАДА И ОДИСЕЈА"Mythology of Venets

Write a comment

You must be logged in to write a comment. If you're not a registered member, please sign up.