+++ to secure your transactions use the Bitcoin Mixer Service +++

 

Skip navigation.

Macedonian Civilization

Македонска Цивилизација - Truth about Macedonians

ДАЛИ ГЕРМАНСКИТЕ ЕТНОЛОЗИ ГО ПРОЧИТАЛЕ ХЕРОДОТ


Ако Етнос (нација) претставува збир на сите карактеристички ознаки што еден народ го прават нација, а тоа меѓу другото се територијата, односно земјата на која живее тој народ наследена од неговите предци; јазикот и традициите, односно неговата предисторија и историја, наравите, обичаите и слично.

- Се поставува прашањето, каде ги најдоа сите овие елементи германските етнолози та ја прогласија Грција за слободна нација на тлото на Европскиот континент со старото име Мореја, по ослободувањето од Турската империја.

Тие изгледа не само што не го прочитале нивниот сонародник од минатиот век - Фелмерајер, односно не ја прочитале неговата книга "Историјата на Полуостровот Мореја", за да научат нешто и за современите Грци, за нивното "арапско" потекло, за нивната асимилираност од Хелените . Тие не го прочитале ни Херодот, та да знаат нешто или било што за генот, за нивните корени. Значи тие, германските етнолози, не знаеле дека Грците немаат и денес свој јазик, дека 2500 години градат и доградуваат со безброј реформи едно древно есперанто базирано со 80 насто од древномакедонските глоси (зборови). Грците на прво место немаат своја (исконско своја) територија; тие, како и многу други народи во таа земја се доселеници, мааџири, насилници, дојденци од земјата на денешен Ирак.



ГРЦИТЕ МАЛЦИНСТВО ВО СВОЈАТА ЗЕМЈА

Тие, германските етнолози, не знаеја дека Грците се само едно малцинство, како што се во таа земја Шиптарите, Власите, Венетите, Феникијците, Ахајците и многу други народи; дека тој "народ" нема исконски, генетски јазик, па и с# друго што бара една класична нација (историја, религија, нарави, обичаи и друго), но, ете сепак каде што има интереси на поголеми нации таму зборува силата, а не науката. Таму може да се прави с# што сакаш па дури и вештачки нации.

Се поставува прашањето: врз каква основа се базираа германските етниколози и успеаја да ги одвојат од древните Илири - Атинејците од Атика, Беотите од Беотија, Спартанците и Ахајците? Се разбира врз основа на нивните дијалекти, односно на оние говорни подрачја кои покрај коине јазикот си ги зачуваа и своите наречија. За споредба од денешен аспект, може да ни послужат денешните струмичани, гевгеличани, штипјани, кумановчани и др. кои настојчиво, со помошта на современите медиуми ги слушаме во театрите, радијата и телевизиите и тоа доста успешно. Доволно е да ја наведеме групата К-15 и нивните хуморески.

Со времето на развојот на древномакедонскиот јазик на кој беа напишани Илијада, Одисеја, Теогонија, Историјата на Херодот потоа Древномакедонската епика, Драма, Трагедија и целата Митологија, врз чија основа беа се развиле сите горенаведени ремек-дела на древноста (Драматургијата, Филозофијата, Теогонијата), кои по разбивањето на Македонската теменитска империја, Грците на многу итар и подмолен начин ги нарекоа горенаведените дијалекти, на кои се твореше, архаични, како што и денеска не го кријат фактот дека 60 - 80 проценти од современиот грчки јазик во нивната "етимологија" каков што е примерот со речникот на солунскиот универзитетски професор М.П. Андриоти, како и сите други етимолошки речници, глосите (зборовите) се одбележани со кратенката арх (архаични).

Ова поглавје е едно од најинтересните за палеолингвистиката на Македонците бидејќи зад него стои и денешниот вештачки грчки етнос.

А, и самиот термин етнос етимолошки има древномакедонски корен и значи единство, обединетост на повеќе содржини што го сочинуваат него (нацијата). Грците, се разбира дека би биле нација, ако место именката Елас и Елинас носеа друго, исконско име што и не можеа да го најдат, бидејќи мааџирите што дојдоа од Арапскиот Полуостров не си го знаеја ни своето име.



ДРЕВНИТЕ ГРЦИ НЕ ИМ ПРИПАЃААТ НА ИНДОЕВРОПСКАТА ГРУПА

Елините, оние дојденците од Арапскиот Полуостров не им припаѓале на таканаречените индо-европејци, а кога дошле во Мореја тука ги нашле архаичните Пелазги, Феникијци, Венети, Анти, Тесалци, Епирци, Илири и други древновиндски народи кои, според таткото на историјата Херодот, зборувале на еден јазик - Илирски. Нив Херодот ги наоѓа и ширум трите континенти од Древномакедонската митолошка империја - Европа, Азија и Африка. Во Европа многу подоцна се јавиле и народите од романската и англосаксонската група.

Од древните Грци во таканаречениот коине јазик (кини глоса) се зачувале и бројни зборови како на пример: баба, (татко), ока, драхми, алгебра (ал-дјебр), валис (вали), валија, зупа (дјоубба) - супа, ислам (ислам) - спас, спасение, калеми (калем) - молив, кисмети (кисмет) - среќа, кремези (кирмиси). Овој збор се протнал и во италијанскиот јазик се разбира преку грчкиот, цремиси со значење на боја (црвена); симити (самид), - симит, цифра (цифр) - нула, цофлио (дјефл) - черупка; - одбележани во споменатиот етимолошки речник на Андриотис со кратенката арап. (арапски). Тие не се повеќе од 5 проценти, заедно со турцизмите, бидејќи турскиот јазик има позајмено многу арапизми. Останатиот процент од 5 - 10 се позјамени од романската и англосаксонската група. Овие бројки сведочат дека древногрчкиот јазик, како и современиот се базира на древновиндскиот а потенцирано древномакедонскиот.

Него го зачувале Виндите што ја населувале земјата наречена Мореа.

Овој факт не случајно го потенцираме во нашиот труд бидејќи древната македонистика, која ги опфаќаше виндските народи и нивните јазици на трите поврзани континенти, најразвиени беа оние од Средоземноморскиот базен. И таму писменоста беше на високо ниво. Тоа го сведочат многубројните надгробни и други споменици , па и прибраната митологија од таканаречените лаографи, во кои се вклучуваат Хесиод, Хомер, сите филозофи, драматурзи и други древни учени. Ова зачувано богатство од времето на Древномакедонската Митолошка Империја претставуваат неисцрпен извор на идните наши палеоархеолози и палеолингвисти, па и на тие кои само што започнале да си отвораат пат во современата наука за наведените дисциплини, не само кај нас, туку и многу пошироко на петте континенти.

Палеоархеологијата и палеолингивистиката всушност со оваа "нова дејност" која се спротивставува на фамозната теза за божемното преселување на Словените на Балканот, која всушност на еден мно-гу вештачки начин германските етниколози ја имаа не само измислено туку и широко популаризирано низ Европа и пошироко, па лесно им беше да ја објават и вештачката нација на Балканот која всушност противречи со сите прописи и принципи на науката, бидејќи древните Грци не им припаѓаа на индоевропската група, туку на Арапските народи.


My Google Pagerank

ВРСКАТА НА ИМИЊАТА НА БОГОВИТЕ СО ТОПОНИМИЈАТАСТРАВ ОД ДРЕВНОТО МИНАТО НА БАЛКАНСКИТЕ НАРОДИ

Write a comment

You must be logged in to write a comment. If you're not a registered member, please sign up.