+++ to secure your transactions use the Bitcoin Mixer Service +++

 

Skip navigation.

Macedonian Civilization

Македонска Цивилизација - Truth about Macedonians

ВЕНЕТСКА ОДНОСНО ДРЕВНОМАКЕДОНСКА ТОПОНИМИЈА


* А по нив на сцената на палеолингвистиката се појавиле - Хомер, по секоја веројатност во Осмиот век п.н. е. Хесиот во
VII век п.н.е. и Лаографите во VI и V век п.н.е.

Најголемиот индикатор за постоењето на древномакедонската митолошка империја, со политеизмот и пантеонот на гората Олимп зачувана во архаичната македонска митологија е токму топонимијата која продолжува до наше време да диши, да зборува за минатото на трите меѓусебно поврзани континенти -Азија, Африка и особено Европа, епонимката на принцезата од Феникија.
Тука се раѓа прашањето:
Ако е така тогаш зошто топонимијата на Венетите, Феникијците - Виндите е неспоредливо помногубројна со таа во Мала Азија, Арапскиот Полуостров и Северна Африка?

Прво, затоа што јазикот на Феникијците и нивните едноплеменици бил и е индоевропски, додека народите што ги истиснале нив биле од гените на арапските супстрати, а по извесно време во акцијата на протерувањето на Виндите живо учество ќе земаат и азијатските племиња, чии јазици немаа ништо општо со праиндоевропскиот и индоевропскиот.
Потоа, факт е дека индоевропската група, во својата основа, повеќето од нив, настанале и се зацврстиле токму на овој континент. Оттука и претрпените јазични влијанија.
Тоа е резултат на комуникативноста и крајната цел да биде нивното обединување.
Ова значи дека на Латинците и на Англосаксонците не им пречела виндиската (древномакедонската) ономастика.
Да се обидеме ова да го илустрираме, не само со митолошки имиња од типот на Ѕеус, Тхеос, Деус, Господ и Гот, туку и на ономатопејата.

ОД ЈУГОЗАПАДНАТА ФРАНЦУСКА ПРОВИНЦИЈА

Венетската топонимија од југозападната француска провинција - Аквитанија, Скандинавија, и други европски терени: холм (возвишение, особено распространето во Европа), Лом (површински прелом)- го сретнуваме во две форми Лом и Лам, потоа Лем и Лим: Лембрух, Лемсфелд (во Германија), Ламарше, Лимај, Лиможе, (во Франција), Лимвиг (во Данска), Лом, Ломен (во Норвешка), Ломнице (во Чешка), Ломжа (во Полска), Ломело, Лома (во Португалија) истово се повторува во Шпанија и Италија. Потоа Ламбурн, Ламнах (во Велика Британија), Ламбија (во Романија), Ламија (во Грција), Лом, Ломно, Ломник ( во Словенија), Лока, Лонка, Ланка, Лака, Л'ка (скоро во сите словенски земји), Лаак-Лахен-Лахендорф (во Германија), Лакабау-Лакаве-Лакк (во Франција, (Лакокк-Ланкастер (во Велика Британија), Лакселф-Лакатраска (во Нордиските предели), Лакка-Лакион (во Грција), Л'ка-Лака (во Македонија) итн.

Од коренот "лог": Лонгвиле, Ланген, Лонгеау (во Германија), Акарнанија (во Грција) Крањска (во Словенија), Кронцелево (во Македонија)

Сега да обратиме поголемо внимание на овие топоними со вкрстување, или калемење, односно асимилирање, под влијание на заемното сожителство на Венетите со Ахајците, со Грците, со Етрурците, со Германите, со Латините итн.

Белин (Бог на сонцето на Карновци и Наричановци), Свети Белино (Сан Белино), Раестија, Венделиција, Венестес (со долината Вентчгау), Вал Веноста, Венотатес (во долината на Балтелина), Венети итн.

Сега да обрнеме внимание на "глосите" и топонимите изведени со помош на суфиските многу блиски до современо македонските: ВисокеТуре (Висока Тура), Ланеж, Кромол, Март, Превал, Предол, Предел, Комполје, Холм, Куклен (Кленовец) или (Кленоец) печ (печење, печка) голица (голина), Голио (гол), Голан, Крница (Карнанија, Акарданија), Слеме, Дол, Мел, Кланец, Стрмец, Тесен, Дебер, Дебар, Деберница, Стол, Лонца, Седло, Гуга, Топлица и др.

Сега да наброиме некои од венетските земјоделски орудија (алатки) и други предмети, па и растенија.

Тука не можам да не ги споменам зборовите на генијалниот славист од минатиот век што им ги кажа на француските студенти и сите оние што ги слушаа предавањата во Колеж де Франнс, на Адам Мицкјевич.
Неговите предавања ги слушаше на пример и еден рамноглавец гениј, композиторот Фредерик Шопен, потоа големиот романтичар Јуљуш Словацки, а за овие предавања на француски јазик ќе се искаже и познатиот руски книжевник Херцен, и ќе каже дека во нив (во предавањата) има многу пророштво:
"Значи гледате, господа, пишува тој, дека словенски народ имаше не само во северна Грција, каде што се наоѓа и денес, не само во Македонија, Тракија, туку и на целиот Пелопонез, како земјоделски народ, како роби на Ахаите и другите Грци".

МИТОЛОШКИ ПАЛЕОЛИНГВИСТИ

Заслуженото профетство на овој великан на славистиката, а во дадениот случај и на венетологијата, денеска се гледа како никогаш во науката за архаичните народи во чиј центар се древните Македонци, благодарејќи на древната Македонска Империја и нивните цареви - Филип II и Александар Македонски - Велики.

Ја затвораме оваа маргина, и продолжуваме со набројувањето на венетските "глоси":

Плуг (рало), коњ (норишки), крава (пинговска), планина (гора), тарнач (орудие за матење на млеко во матка), Чрни пантер (грб на Војводина), липа (дрво) престол (почитно место за управител), димница (за димење месо и риби), пашништво (паша, пасење) древак, пеква, пичаи, лончена солница, орглијце (пискулци), козолец (стива, сено и друга храна за домашните животни), смучи, пастирски стан (жилиште), људско здравство (болница), торка и друго.

За најпознати митолошки палеолингвисти можеме да ги сметаме потврдените архаични имиња -Аполон, Орфеј, Лин и др.

А по нив на сцената на палеолингвистиката се појавиле - Хомер, по секоја веројатност во осмиот век п.н. е. Хесиод во VII век п.н.е. и Лаографите во VI и V век п.н.е.

Аполон од редовите на пантеонот на гората Олимп кој најчесто го сретнуваме со лирата во рацете, потоа доаѓа Орфеј, внукот на Македон тесно поврзан со горите северно од Олимп и Лин чиешто име потекнува од прастарата народна песна која се пеела за време на грозодберот во македонската божествена империја.
Во едно предание него го сретнуваме како син на богот Аполон и Псамата, ќерка на кралот Кротоп со ова име тесно се поврзани древномакедонските тажалки.

За Орфеј постојат повеќе преданија. Најстарото од нив вели дека тој бил син на Тракиецот Еагр, но тука не се споменува името на неговата мајка.
Во друго древно предание, Орфеј бил син на богот Аполон и музата Калиопа (Доброгласничка), во наредното предание за негова мајка се спомнува Клио, една од девете музи, која прво прославува со нејзините песни, а подоцна се сметала за муза на историјата (јуначките песни и реториката).
Народната мајка на Орфеј била Полихимнија (многухимнија). Потоа на ред доаѓа Менити, ќерката на Тамириј и други.

Хомер се прославил со Шедеврите, Илијада и Одисеја, Хесиод со "неговата" поема Теогонија, а логографите со прибирањето (запишувањето) на древномакедонските преданија.

Од извршената компарација досега во јазикот на сите оваа палеолингвисти, вниманието ни го одземаат "дијалектизмите" во нивните дела, од кои со времето ќе биде оформен јазикот на Феникијците, Венетите, Хелените и најстариот (11.000 год) древномакедонскиот.

Така на пример древното име на Сонцето го сретнуваме Ел-Хел, Ил-Сол.
Ел бил првобогот на Феникијците; Хел (Хелиј) името на Сонцето кај древните јужни Морејци (Пелопонес, Атика и Беотија); Ил (илиј) кај Македоцните и Илирите, а во повеќе древновиндски дијалекти името на Сонцето го сретнуваме со коренот и основата Сол. Несомнено, од оваа последнава именка сиот тој древен виндски свет ќе го прифати него со следниве нијанси: Македонците-Сонце, Србите-Сунце, Бугарите-Сл'нце, Пољаците-Слонце; Русите-Солнце.
А меѓу овие нијанси се и сите останати Словени - идолопоклоници на Сонцето.
Наредниот пример нека биде името на првобогот на Феникијците, Мелкар (Млекар, од млеко, кај сите јужни Словени, молоко кај Русите, млеко кај Пољаците, карт кај Феникцијте, град кај јужните словени, город кај Русите, груд кај Полјаците и сл.


My Google Pagerank

ЛИН - ПЕСНА, ПЕЕНА НА ГРОЗДОБЕР"ИЛИЈАДА" И "ОДИСЕЈА" БЕА НАПИШАНИ НА ДРЕВНОМАКЕДОНСКИ ЈАЗИК