Македонско фолк радио-Makedonsko folk radio-Macedonian folk radio
By macedon. Sunday, 13. January 2008, 23:21:41
Кавалската езгија - душата на Македонија
Отсвирени се од најдобрите македонски кавалџии: Миле Коларов и Никола Цветковски (двајцата упокоени). Снимени за МРТВ, во период од 1951-80г.
Гајда
Гајдата е фундаментален составен дел од македонската музичка култура, особено по селата. Обично се свири заедно со пар кавали, тамбура и некои ударни инструменти (тапанче, дајре, тарабука). Спаѓа во групата на дувачки инструменти, во која се уште двојанката, дудукот, зурлата, кавалот, шупелката.
Гајдата е двогласен инструмент...
Зурлата
Тоа е дрвен аерофон музички инструмент со две јазичиња, тип на обоа. Се прави, главно, од ореово, но и од јаболково и црносливо, како и од јаворово дрво.
Ликовна претстава на зурла се среќава уште во 12-от век, на резбарената врата на црквата "Св. Никола" во Охрид, што значи дека таа била позната на Балканот пред турската инвазија.
Тапан
Ударен мебранофоничен инструмент (во западна Македонија-топан)- голем и мал. Се состои од празен валјак, преку чии отворени страни е распната штавена козја или овчка кожа. Обвивката или лубот на валјакот се изработува од ореово или костеново дрво.
Фреските од 14-от век укажуваат дека тапанот бил познат на Балканот пред доаѓањето на Турците. Некои сметаат дека постоел уште во неолитскиот период. Дали е тој пренесен во Македонија или е роден на македонско тло, точно не се знае.
How to use Quote function: