+++ to secure your transactions use the Bitcoin Mixer Service +++

 

A

ЃОРГИ АБАЏИЕВ - раскажувач, романсиер, историограф, публицист и сценарист. Роден во Дојран на 7 октомври 1910 година. Починал во Скопје на 2 август 1963 година. Средно образование завршил во Горна Џумаја (Благоевград). Студирал на Правниот факултет во Софија каде што зел активно учество во организациите на прогресивната македонска емиграција во Бугарија. Член на Македонскиот литературен кружок (1938-1941) и на Македонскиот литературен кружок „Никола Вапцаров“ во Софија (1946-1947). Бил уредник на весникот „Македонско знаме“ (1945-1947). По враќањето во Македонија, во 1948 година, развива плодна дејност како писател, публицист и историчар. Работел во Институтот за национална историја во Скопје. Член на ДПМ од 1949 година. Автор е на книгите: Труд и луѓе (уметнички репортажи и раскази, коавторство, 1936), Изгрев (раскази, 1950), Епопејата на ножот (раскази, 1951), Последна средба (раскази, 1953), Арамиско гнездо (роман, 1954), Пустина (роман, 1961), Балканските војни во Македонија (монографија, 1972). Во 1972 г. е објавен избор од неговото творештво во четири тома. Добитник е на наградите: за проза на НР Македонија и „11 Октомври“.

АВНИ АБДУЛАХ- раскажувач и романсиер од турската националност во Македонија. Роден е во Призрен, Косово на 3 мај 1948 година. Завршил Германски колеџ во Истанбул, Турција и Педагошки факултет во Скопје. Бил лектор, новинар и уредник во редакцијата на „Бирлик“ при НИП „Нова Македонија“. Член на ДПМ од 1988 година.
Автор е на книгите: По патот на војната (роман, 1976), Мајчиното срце (раскази, 1977), Тој најубав ден (раскази, 1986), Ноќ со полна месечина (раскази, 1992).

ДУШКО АВРАМОВ - поет за деца. Роден е во Скопје на 29 април 1938 година. Починал во Скопје на 19 јули 1998 година. Завршил Филолошки факултет во Скопје. Работел како наставник и новинар. Член на ДПМ од 1973 година. Автор е на книгите: Славејот на одмор (1970), Болен зајко(1971), Со песни низ оган (1971), Ајкулата заби мие (1972), Свет без граници (1974), Има еден убав збор (1979), Венец од ѕвезди (1980), Те сакам, ме сакаш (1985), Најсветлата ѕвезда (1990), Ајде да се дружиме (1994), Цвет до цвет (1996), Стевче смелче (1996).

ГЕОРГИ АЈАНОВСКИ прозаист, писател за деца. Роден е во Воден, Егејска Македонија, на 22 декември 1940 година. Бил главен и одговорен уредник на весникот „Нова Македонија“. Директор на НИК „Денес“, Скопје. Член на ДПМ од 1974 година. Автор е на книгите: Вани (роман за деца, 1973), Вани (втор дел, 1998).

ИЛИР АЈДИНИ поет од албанскаа националност во Македонија. Роден е во Скопје на 7 декември 1961 година. Завршил Филолошки факултет во Скопје. Работи во Македонската информативна агенција (МИА). Член на ДПМ од 1994 година. Автор е на книгите: Магла над бајките (1986), Ноќни транслации (1987), Деновите доаѓаат кришум (1999).

АЛЕКСАНДАР АЛЕКСИЕВ поет, романсиер, критичар, книжевен историчар, театралог. Роден е во Кочани на 20 август 1929 година. Завршил Филозофски факултет во Скопје. Бил директор на Радио Скопје, на Архивот на Македонија и професор на Факултетот за драмски уметности. Долгогодишен уредник на списанието „Современост“. Член на ДПМ од 1959 година. Автор е на книгите: Песни (1955), Основоположници на македонската драмска литература (студии, 1972), Војдан Чернодрински (монографија, 1974), Антон Панов (монографија, 1974), Македонската драмска литература (студии, 1976), Македонската драма меѓу двете светски војни (студија, 1976), Илинден и македонската драмска литература (студија, 1983), Низ литературното минато и сегашноста (студии, 1985), Љубов за љубов (монографија, 1994), Деветте круга на пеколот (роман, 2000). Редактор е на собраните дела на Војдан Чернодрински, во пет томови (1975), на избраните дела на Васил Иљоски, во три томови (1979). Добитник е на наградите: „11 Октомври“ и „Војдан Чернодрински“ и „Златно перо“ за преведувачка дејност.

ФАХРИ АЛИ поет, есеист, критичар, преведувач од турската националност во Македонија. Роден е во Скопје на 9 јуни 1948 година. Завршил средно образование. Работи како уредник во редакцијата „Бирлик“ при НИП „Нова Македонија“. Член на ДПМ од 1978 година. Автор е на книгите: Мангал (поезија, 1973), Со две срца (поезија, 1978), Потковица (поезија, 1984), Остра стрела на слободата (поезија, 1989), Водата стежна (поезија, 1991), Детски ветрови (поезија за деца, 1993), Неоткинато од карпа (поезија, 1995), Окото на маката (поезија, 1997), Еволуционо течам (поезија, 1999).

АЛИ АЛИУ есеист, критичар, книжевен историчар и теоретичар, преведувач од албанската нарционалност во Македонија. Роден е во Преспа на 1 април 1934 година. Завршил Филолошки факултет во Скопје. Доктор по филолошки науки. Бил професор на Филолошкиот факултет во Приштина. Член на ДПМ од 1975 година. Автор е на книгите: Истражувања (есеи и критики, 1970), Расправи (студии, 1975), По тековите на книжевноста (есеи, 1978), Критики (1980), Книжевни студии (1982), Теорија на книжевноста (1984), Литературни читања, Литература (учебници за повеќе одделенија во основното и класови во средното образование), Дон Кихот меѓу Албанците (есеи, 1996), Книжевни рефлекси (есеи, 1999), Антологија на современата албанска поезија (2000).

МИЛЕ АНГЕЛОВСКИ поет, писател за деца. Роден е во с. Горна Бошава, Конопишта на 1 мај 1936 година. Завршил Педагошки факултет во Скопје. Бил просветен работник. Член на ДПМ од 1990 година. Автор е на книгите: Далечни градини (поезија, 1969), Зрачиња со многу бои (поезија за деца, 1972), Повик на долината(публицистика, 1973), Бели ради сред ливади (поезија за деца, 1978), Сребрени ѓерданчиња (поезија за деца, 1980).

МЕЛИХ ЏЕВДЕТ АНДАЈ поет, романсиер, есеист, драмски автор, патописец, преведувач. Роден е во Истанбул, Турција на 15 мај 1920 година. Професионален новинар и колумнист на најстариот и тиражен угледен дневен весник „Џум Хуриет“, познат публицист и професор по естетика на Државниот универзитет за театар во Истанбул. Почесен член на ДПМ. Автор е на книгите: Чуден (поезија, 1941), Дрвото што си го загуби мирот (поезија, 1946), Телеграф (поезија, 1952), Еден до друг (поезија, 1956), Исток запад (есеи, 1961), Окованиот Одисеј (поема, 1963), Зборувајќи (есеи, 1964), Оние што се внатре (драма, 1965), Комедија во развој (есеи, 1965), Батијалџии (роман, 1965), Советски Сојуз, Азербејџан, Узбекистан, Бугарија и Унграфија (патописи, 1965), Стапчињата на Микадо (драма, 1967), Врз иселеничкото море (поезија, 1970), Тајна заповед (роман, 1970), Четири драми (1972), Дневникот на Исус (роман, 1974), Нови богови (есеи, 1974), Смртта на коритото (поезија, 1975), Ра-зија (роман, 1975), Еден социјалистички свет (есеи, 1975), Збор врз јазикот (есеи, 1975), Материјализам и идеализам (есеи, 1977), Забрана (есеи, 1978), Гилгамеш зад бесмртноста (поезија, 1981), Париски текстови (есеи, 1982), Кон светлината(есеи, 1984), Познат свет (есеи, 1984), Времето кое тече и стои (спомени, 1984), Возвишеноста на љубовта (есеи, 1990). Автор е на предговорот за Избор од современата македонска поезија (Истанбул, 1978). Избор од поезијата на македонски јазик Еден нов свет е објавен во Скопје, 1989 година. Добитник е на највисоката државна награда за литература на Република Турција.

БОРО АНДОВ поет за деца. Роден е во Велес на 5 мај 1920 година. Починал во Скопје на 30 јуни 1983 година. Завршил Правен факултет во Софија. Работел како адвокат. Член на ДПМ од 1977 година. Автор е на книгите: Пиши и бриши(1976), Каранфили (1977), Река на тркала (1980).

ВЕНКО АНДОНОВСКИ раскажувач, романсиер, драмски автор, поет, есеист, критичар, книжевен теоретичар. Роден е во Куманово на 30 мај 1964 година. Завршил Филолошки факултет во Скопје. Доктор по филолошки науки. Професор на Филолошкиот факултет „Блаже Конески“ во Скопје. Член на Македонскиот ПЕН центар. Член на ДПМ од 1990 година. Автор е на книгите: Нежното срце на варварот (поезија, 1986), Квартот на лиричарите (раскази, 1989), Фрески и гротески (раскази, 1993), Азбука на непослушните (роман, 1993), Текстовни процеси (есеи, 1996), Ѕвоната на Матош (студија, 1996), Структурата на македонскиот реалистички роман (студија, 1997), Три драми - Словенски ковчег, Бунт во домот за старци, Адска машина (1998), Дешифрирања (2000). Во 2001, Блес¤к објави избор од неговите колумни Кич митологии. Добитник на наградите: „Рациново признание“, прва награда за роман на издавачот „Зумпрес“ - Скопје, награда за најдобар драмски текст на Македонските театарски игри „Војдан Чернодрински“ - Прилеп. Венко Андоновски е уредник на Блесок Проза.

ПЕТРЕ М.АНДРЕЕВСКИ поет, романсиер, раскажувач, драмски автор. Роден е во 1934 година во с. Слоештица, Демир Хисар. Основно образование завршил во родното село, гимназија во Битола, а студирал на Филозофскиот (сега Филолошки) факултет во Скопје. Работел во Македонската телевизија. Бил уредник на списанието „Разгледи“. Член на Македонската академија на науките и уметностите. Член на Македонскиот ПЕН центар. Член на Друштвото на писателите на Македонија од 1964 година. Бил претседател на Друштвото на писателите на Македонија. Пишува поезија, раскази, романи, драми и филмски сценарија. Ги објавил книгите поезија: Јазли (1960), И на небо и на земја (1962), Дениција (1968), Дални наковални (1971), Пофалби и поплаки (1975), Вечна куќа (1987) и Лакримариј (1999), книгите раскази: Седмиот ден (1964), Неверни години (1974) и Сите лица на смртта (1994), романите: Пиреј (1980), Скакулци (1983), Небеска Тимјановна (1988) и Последните селани (1987), книгата Драми (1984), во која влегуваат Време за пеење и Богунемили. Тој има објавено и две збирки стихови за деца под наслов Шарам барам и Касни порасни. Од неговиот книжевен опус досега му се печатени повеќе избори, а во 1984 година му беа објавени избрани дела во пет томови. Застапуван е во сите антологии на македонската поезија објавени кај нас и во светот. Негови дела во посебни книги се презентирани на повеќе јазици надвор од Македонија. Добитник е на наградите: „11 Октомври“, „Браќа Миладиновци“ (два пати) „Рациново признание“ и „Стале Попов“ (два пати).

ЦАНЕ АНДРЕЕВСКИ поет, раскажувач, писател за деца. Роден е на 10 јули 1930 година во Кратово. Завршил Филозофски факултет во Скопје. Работел како новинар и уредник во Радио Скопје. Бил член на редакцијата на списанието „Разгледи“. Член на ДПМ од 1957 година, Автор на книгите: Сончева порака (поезија за деца, 1951), Јаготки (раскази за деца, 1955), Добрина (поезија, 1956), Што има ново (поезија за деца, 1959), Свечености (поезија, 1964), Сребрен поток (поезија, 1969), Планета со петел (поезија за деца, 1976), Македонска љубовна лирика (антологија, 1979), Врски (поезија, 1982), Нашите први учители (повест за деца, 1982), Остануваме на Ножот (повест за деца, 1984), Шинато уво (поезија за деца, 1989), Дарби (приказни за деца, 1990), Разговори со Конески (разговори, 1991), Белата мечка, синиот кит и другите (поезија и проза за деца, 1998). Добитник е на наградите: „Кочо Рацин“ и „РТВ Скопје“ на Струшките вечери на поезијата.

ВЕРА СТОЈЧЕВСКА - АНТИЌ книжевен историчар и теоретичар. Родена е во Битола на 10 август 1939 година. Завршила Филолошки факултет во Скопје. Доктор по филолошки науки. Професор на Филолошкиот факултет „Блаже Конески“ во Скопје. Почесен член на ДПМ. Автор е на книгите: Од средновековната книжевност (1976), Низ страниците на јужнословенските книжевности (1977), Локални хагиографии во Македонија (1977), Средновековните текстови и фолклорот (1978), Богомилството во средновековната изворна граѓа, коавтор (1978), Климент и Наум Охридски во народната традиција (1982), Меѓу книжевниот текст и фолклорот (1987), Од ракописното наследствО (1987), Пораки од дамнина (1988), Митологуемна (1990), Средби (патописи, 1993), Свети Клименту (1993), Сто македонски библиски народни приказни (1993), Во чест на Светите Кирил и Методиј, коавтор (1994), Патописи и разговори (1994), Со збор во светот (патописи, 1995), Претсткажувањата на голем Александар (1996), Време и пат (патописи, 1996), Средновековен збороплет (1996), Историја на македонската книжевност - Средновековна книжевност (1997), Контакти (патописи, 1997), Профили (патописи, 1998), Средновековни книжевни жанри, коавтор (2000). Добитник на наградите: „Климент Охридски“, „Гоце Делчев“.

ЗОРАН АНЧЕВСКИ поет, есеист, преведувач. Роден е во Скопје на 16 мај 1954 година. Завршил Филолошки факултет во Скопје. Доктор по филолошки науки. Професор на Катедрата за англиски јазик и книжевност на Филолошкиот факултет Блаже Конески во Скопје. Секретар на Македонскиот ПЕН центар. Член на ДПМ од 1994 година. Автор е на стихозбирките: Патување низ скршени слики (1984), Стратегија на поразот (1994), Линија на отпорот (1998), Превод на мртвите (2000).

БОРИС АПОСТОЛОВ поет, раскажувач. Роден е во Скопје на 8 август 1944 година. Завршил средно образование. Член на ДПМ од 1995 година. Автор е на книгите: Жедна земја (поезија, 1989), Бела сенка (поезија, 1991), Пишувана празнина (поезија, 1993), Необични прашања (раскази за деца, 1994), Здив на душата (роман за младинци, 1996), Реинкарнирана тишина (поезија, 1999), Сите мои занаети, Стариот бисер и Зои од Андромеда (прозни дела за деца, 2000).

ОЛГА АРБУЉЕВСКА поет, есеист, сликар. Родена е во Ниш на 25 јули 1949 година. Завршила Филозофски факултет. Работела како новинар во „Нова Македонија“. Сега е уредник во телевизија Телма. Член на Македонскиот ПЕН центар. Член на ДПМ од 1972 година. Автор е на книгите: Канурки (поезија, 1972), Икителија (поезија, 1981), Свет камен (поезија, 1991), Ветрот на промените (есеи, 1992).

СЛАВКА АРСОВА поет, писател за деца. Родена е во Скопје на 3 јули 1934 година. Завршила Филозофски факултет во Скопје. Работела како гимназиски професор. Член на ДПМ од 1993 година. Автор е на книгите: Вечно постоење (поезија, 1991), Именијада (поезија за деца, 1992), Да полетаме со птиците (поезија за деца, 1993), Пораки на разумот и душата (поезија, 1994), Те имаме земјо вековијо (поезија, 1996), Детски лажго смешки (поезија за деца, 1997), Трепетот на интимата (поезија, 1998), Срцевина си на се (поема, 1998), Дом на месечината (роман за деца, 1999).

СУЗАНА АРСОВА поет. Родена е во Скопје на 3 август 1961 година. Завршила Медицински факултет во Скопје. Член на ДПМ од 1998 година. Секретар на ДПМ. Автор е на книгите: Наспроти исток (1993), Календар на душата (1996).

ГЕОРГИ АРСОВСКИ поет, раскажувач, критичар. Роден е во Велес на 15 јануари 1927 година. Починал во Скопје на 19 јуни 1997 година. Завршил фармацевтска школа. Член на ДПМ од 1966 година. Автор е на книгите: Приказни за мојот син (раскази за деца, 1966), Во нов круг (критики и есеи, 1972), Отаде денот (раскази, 1974), Без проштевање (поезија, 1975), Сребрени потоци (антологија, 1977), Монолози (поезија, 1997).

ТОМЕ АРСОВСКИ поет, раскажувач, романсиер, драмски автор, преведувач. Роден е во Косовска Митровица на 23 септември 1928 година. Завршил Филолошки факултет во Скопје. Работел како драматург во Македонската радио-телевизија. Бил претседател на ДПМ. Член на ДПМ од 1959 година. Автор е на книгите: Грст смеа (поезија, 1958), Александра (драма, 1958), Празник на птиците (драмска етида, 1959), Непребол (поема, 1961), Парадоксот на Диоген (драма, 1961), Грст среќа (телевизиска драма, 1962), Матурска вечер (драма, 1964), Стотиот чекор (телевизиска драма, 1964), Обрачи (драма, 1965), Грдиот Нарцис (телевизиска драма, 1964), Бумеранг (комедија, 1969), Чекор до есента (драма, 1969), Коктел за четворица (телевизиска драма, 1970), Парадоксални раскази (раскази, 1972), Залез над езерската земја (телевизиска драмска серија, 1973), Убавината чекори сама (комедија, 1974), Скок преку кожа (драма, 1976), Исповед на таксистот (монодрама, 1979), Излез во случај на опасност (драми, 1989), Благиот допир на љубовта (драма, 1984), Патување во Таџетакомо (роман за деца, 1980), Зена, ќерка на ѕвездите (роман за деца, 1988), Арис или прва љубов (роман за деца, 1989), Климент Охридски (историски роман, 1989), Кристална планета (роман за деца, 1990), Куќа на четири ветра (роман, 1991), Смешни и превртени песни (поезија за деца, 1991), Петиот ветар (раскази, 1992), Подводен град (роман за деца и млади, 1993), Телефонот е во прекин (роман за млади, 1993), Диско - штурец (поезија за деца, 1993), Супер девојче (роман за млади, 1994), Нешто убаво ми се случува (роман, 1996), Пурпурно поле (поема, 1996), Дедо Мраз и феферони (комедија за деца, 1997), Марко Крале и Феферона (весела сценска игра за деца, 1997), Дарко Фокси спиди Гонзалес (весела сценска игра за деца, 1998), Жената со птичја глава (раскази, 2000). Добитник е на наградите: „11 Октомври“, „13 Ноември“ (за животно дело), „Златно перо“, „Кочо Рацин“ на Културно-просветната заедница на Македонија и на Авторско-правната агенција на Македонија.

МИХО АТАНАСОВСКИ поет, писател за деца и млади, драмски автор. Роден е во Скопје на 10 април 1934 година. Завршил средно образование. Бил уредник во Македонското радио. Член на ДПМ од 1957 година. Автор е на книгите: Очите и измаглините (поезија, 1955), Никогаш не сум сам (поезија, 1957), Минуваат пролети (поезија, 1959), Од лав до страв (басни, 1962), Божурика (поезија, 1963), Еден лав плаче од страв (басни, 1964), Марко новинарко (раскази за деца, 1969), Во дворецот на сказните (римувани сказни, 1971), Марко новинарко (нови раскази, 1972), Река (поезија, 1975), Големиот јунак (новела за деца, 1975), Песни (1976), Тајната на едно писмо (пиеска, 1976), Има еден прозорец (поезија, 1979), Отаде реката (поезија, 1985), Куќичката со бела шамија(роман за деца, 1987), Кога се сакавме со Тинка (роман за деца, 1989), Зад де-вет гори зелени (поезија, 1990), Бамбила од другиот свет (роман за деца, 1992), Тутуле бале (поезија за деца, 1994), Цветот што носи среќа (поема 1994), Уличето со обетки од цреши (поезија за деца, 1995), Пуземаже и Цинцилин (поезија за деца, 1996), Љубовниот живот на Симсиле (новели за деца, 1998), Уличето со обетки од цреши (нова книга, поезија за деца, 1998), Вечери кај шардаванот (поезија за деца, 2000). Добитник е на повеќе литературни признанија.

ОКТАЈ АХМЕД поет од турската националност во Македонија. Роден е во Скопје на 24 ноември 1967 година. Завршил Филолошки факултет во Скопје. Работи на Катедрата за турски јазик и книжевност на Филолошкиот факултет „Блаже Конески“ во Скопје. Член на ДПМ од 1995 година. Автор е на книгата: Сенфони(1994).

ВЕСНА АЦЕВСКА поет, раскажувач, преведувач. Родена е на 10 ноември 1952 година во Скопје. Завршила Филолошки факултет во Скопје. Работела во весникот „Република“. Од 1992 година работи во Институтот за национална историја во Скопје. Член на ДПМ од 1991 година. Автор е на книгите: Подготовки за претстава (поезија, 1985), Карпа за скок (поезија, 1991), Лавиринт (роман, 1992), Рок видри (роман, 1993), Скалила во зеленото (роман, 1994), Котва за Ное (поезија, 1994), Неред во огледалото (поезија, 1996). Го препеала финскиот спев Калевала и за него ја добила наградата за препев Григор Прличев за 2000 година.