Летните олимписки игри - 1968 или 19-тите Летни олимписки игри се одржале во градот Мексико, Мексико. Градот бил избран за домаќин на 18 октомври1963 година на 60-тата сесија на МОК во Баден- Баден. Останати кадндидати биле Детроит, Лион и Буенос Аирес. Игрите се одржале само 10 дена по масакрот Тлателоко во којшто на 2 октомври1968 биле убиени стотици студенти од страна на тајните службени сили.
Резултати од гласањето за избор на град-домаќин на Летните олимписки игри - 1968
Големата надморска висина на Мексико (2240m) ги отежнала условите за настап на игрите, а на многу спортисти им била потребна поголема адаптација. Но, сепак големата надморска висина овозможила полесно да се постигнат неколку рекорди, особено во скокачките дисциплини.
Фрлачот на диск Ал Ертер го освоил својот четврти златен медал на четвртите Олимписки игри.
Боб Бимон поставил нов светски рекорд во скок во далечина со фантастични 8.90m. Овој резултат бил за 55 cm подобар од рекордот стар една година чиј сопственик бил Игор Тер- Ованесјан. Резултатот 8.90m бил светски рекорд сè до историското финале на Светското првенство во атлетика - 1991 одржано во Токио каде што Мајк Пауел станал светски рекордер прескокнувајќи 8.95m.
Во трискок светскиот рекорд бил подобруван дури 5 пати од тројца различни атлетичари.
Дик Фосбари освоил златен медал во скок во височина употребувајќи го својот препознатлив стил кој по неговото име ќе стане доминантен во оваа дисциплина.
На свечената веремонија на доделување на медалите на најдобрите натрпреварувачи во атлетската трка на 200m во машка конкуренција, американските натпреварувачи Томи Смит (злато) и Џон Карлос (бронза), и двајцата црномурести, ги подигнале своите глави во знак на доминација на црната раса по што и двајцата биле доживотно дисквалификувани од страна на Меѓунардониот олимписки комитет.
По освојувањето на златниот медлал во бокс во супертешка категорија, Џорџ Форман, кружел околу рингот со мало американско знаменце и се поклонил неколкупати пред публиката.
Чарлс Хикокс освоил 3 златни медали во пливање, а Деби Меер станал првиот пливач којшто победил на 200, 400 и на 800m слободен стил.
За првпат на Олимписките игри биле воведени допинг-тестовите. Шведскиот натпреварувач во модерен петобој Ханс Гунар Лиљенвал бил дисквалификуван поради козумирање на алкохол.
Џон Стивен Аквари од Танзанија станал популарен по тоа што завршил последен на маратонот поради повреда на коленото.
Ова се првите од трите Летни олимписки игри на кои се натпреварувал Жак Рог, подоцна осмиот претседател на МОК.
Ова биле првите Олимписки игри на кои африканските спортисти ја покажале својата доминација на средните и долгите атлетски патеки. Тие ги освоиле златните медали во сите дисциплини од 800m до маратонот. Ваквиот успех, африканските натпреварувачи го постигнуваат и денес.